





Благица неодамна на својот профил објави дека имала интервенција на десната рака и ги загрижи нејзините обожаватели.




„Најголемата благодарност за успешната операција на десната рака. Третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски и на мојот животен ангел чувар, д-р Вики Толевска.




Ви посакувам од срце, долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. После секое ваше успешно животно дело, воедно голем поздрав, трауматологија и до сите доктори.




Благословени да сте од Господа и секогаш спремни за спас на човечкиот живот. Да живее 8ми септември, воената болница и нашата мила Македонија, напиша Благица на нејзиниот профил.




После интервенцијата, Благица повторно се огласи на својот профил дека целиот процес завршил успешно и пејачката ги почестила своите медицински сестри во кафана.




„Првата забава после операцијата во 8-ми септември со дел од медицинските сестри кои се грижеа за мене. Ќе следи целосна забава иза сите вработени доктори и медицинари во лично моја организација.




Операцијата беше на денот на покров на пресвета мајка, Богородица. Слава на Бога.




Слава на сите вработни и благодар на сите што се потрудија за мене и за сите болни во болницата, воедно и за Владанка, физиотерапевт.“



