





Во четврток се очекува засилен северен ветер што ќе предизвика во следните денови опаѓање на температурите.




Сончево и релативно топло време нè очекува денеска со минимална температура ов-3 до 7 степени, а максимална од 18 до 24 степени, најавува УХМР.




Слично ќе биде и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 2, а максималната температура во текот на денот ќе достигне до 20 степени.




Од УХМР најавуваат дека и утре утрото ќе биде студено, наместа температурата ќе се спушта под нулата, а во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.




Во текот на денот, пак, и утре ќе биде сончево и релативно топло.




Во четврток се очекува да дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.




Паѓање на температурите најавува и метео-прогнозерот Славчо Поповски:




Наутро и тоа особено до среда ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој особено во Беровскиот регион ќе се спуштат за неколку степени под нулата. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.




Во четврток ќе биде и ветровито. Односно ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 4 степени, вели Славчо Поповски.



