Апасиев со порака до Таравари, Хоџа, Касами, Села: ИМАТЕ САМО ЕДЕН ИЗБОР, или сменете ја плочата или спремете пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори

Пратениците на Алијанса на Албанците начелно ќе гласаат за уставни измени, но имаат услови, коишто во текот на следната недела ќе им ги презентираат на „поважните амбасади низ Македонија“.

Еден од условите е да се тргне „терминот 20 проценти“ од Уставот и македонскиот и албанскиот јазик за да се користат како службени јазици во земјата, изјави в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари.

-Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови. Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија,

ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот.

Но првиот услов ќе биде многу интересен – вели Таравари во интервју за Радио Слободна Европа.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев испрати порака до опозициските лидери од албанскиот политички блок.

Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно!

А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век.

Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде