Александра Мијалкова за сопругот Сашо: Надворешниот изглед не ја кажува вистината

Познато е дека Мијалкв е татко на два сина и сопруг на примабалерината Александра Мијалкова.

Александра не често ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот, Сашо Мијалков.

Мијалкова пред извесно време беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..

– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата. На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат.

Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава. Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив.

„Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. Мијалкова рече и дека нивната свабда била многу весела, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.

– Многу весела свадба имаше, бидејќи имаше многу балерини, а кога се балерините присутни тогаш значи дека веселбата е уште поголема. Флексибилноста е еден од клучните фактори за успешна врска или брак.

Треба разбирање, треба хармонија, меѓутоа двајцата треба да работат на тоа за да биде нели успешен бракот“, рече Мијалкова. „Често ме изненадува, иако не изгледа дека е таков, таква му е професијата.

Таква му била професијата. Меѓутоа, надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето“, рече неодамна Мијалкова во „Бекстејџ“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде