А1он открива скандал: Мијалков за Нова година не бил во затворот во Струга

Ексдиректорот на УБК, сега затвореник, Сашо Мијалков, новата година не ја дочекал во струшкиот затвор, каде што издржува затворска казна, пренесува А1он.мк

Тој бил на продолжен викенд, односно три дена ги поминал надвор од установата. Оваа привилегија му била овозможена од директорот на затворот, Ваљон Ќуља.

Мијалков излегол во четвртокот, 29 декември, само три дена по судењето во скопскиот Кривичен суд. Од Управата за извршување санкции тврдат дека тој се вратил на 1 јануари, односно во неделата.

Во струшкиот затвор Мијалков има отворен третман – што значи дека е сместен во најлибералното одделение. Не е првпат тој да користи привилегии од струшкиот затвор.

И претходно, во септември, три дена бил пуштен на викенд. Овие погодности му ги овозможува директорот Куља, а за нив е запознаена и Управата за извршување санкции.

За Мијалков, во јавноста имаше низа полемики и за тоа дали тој воопшто престојува во затворот во Струга или се наоѓа во хотелот „Мериот“, чија делумна сопственост е на фирма од неговото потесно семејство.

Екипа на „А1он“ го праша лично дали е тоа точно – но тој избра да не одговори.

Од Управата за санкции тврдат дека кога направиле вонредна контрола, најавена преку медиумите, го затекле Мијалков во просториите на затворот, а го провериле и видеонадзорот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: А1он

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде