3агpижувачки бројки: Еве колку пед0фили слободно шетаат во Македонија

Во Северна Македонија има околу 300 регистрирани пед0фили, иако повеќето од нив се на слобода, веб-страницата на која можеме да видиме кои се тие, за да се преземат превентивни мерки за заштита на децата одамна не е функционална, додека во земјава секоја година има десетици сексуални напади врз деца.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вели дека се работи за софтверски проблем, и вети дека регистарот многу брзо ќе профункционира.

Според професорката по кривично право, Ведије Раткоцери, одржувањето и нормалното функционирање на регистарот е многу важно,

бидејќи никогаш не се знае моментот кога некој треба да провери дали некое лице може да претставува потенцијална опасност за децата.

„Целта на овој регистар има превентивен карактер, наменет е за секој родител, старател или заинтересирано лице  кога се сомнева, па дури и без сомнежи,  сака да преземе превентивни мерки за нивното дете да не стане жртва на

 било кој cекcуален наcилник, да го провери овој регистар за да види дали лицето кое има контакт со детето е регистрирано, тоа може да биде наставникот, тренерот, воспитувачот, новиот сосед кој дошол во соседството“, рече Ведије Раткоцери, професорка на УЈИЕ.

Само во последните четири години има вкупно 127 злосторства кон децата, меѓу кои и сексуални напади врз деца под 14 години, производство и дистрибуција на детска порнографија.

Регистарот на педофили беше објавен во 2012 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде