Американскиот актер и комичар Лесли Џордан почин а на 67-годишна возраст, потврди неговиот агент.




Актерот, познат по улогите во сериите „Вил и Грејс“ и „Американска хоpоp приказна“, загина во cообраќајна несреќа во Лос Анџелес во понеделникот наутро, на 24 октомври, објавија американските медиуми.




Неговиот автомобил удрил во една зграда, а лекарите констатирале cмpт на местото на настанот, изјави полицијата за Лос Анџелес Тајмс.




Со неговото заминување, светот стана „помрачно место“, рече неговиот публицист.




-Не само што беше мегаталентиран и задоволство беше да се работи со него, туку и обезбеди емотивно засолниште за нацијата во некои од нејзините најтешки моменти.




Знаејќи дека го напушти светот на врвот на неговиот професионален и личен живот е единствената утеха што можеме да ја имаме денес, изјави Дејвид Шаул.




Џордан е роден во 1955 година во Чатануга, Тенеси. Имал 12 години кога и кажал на мајка си дека е хомосексуалец.




Кога дипломирал на Универзитетот во Тенеси во 1982 година, се преселил во Лос Анџелес.




