





Една од уредбите на Владата во изминатите години, која наиде на поддршка во Владата е секако повратот на ДДВ, кој им се овозможува, освен на компаниите и на граѓаните, кои скенираат фискални сметки.




„Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ”, бр.156/2020 од 12.06.2020) е регулирано




– враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20%,




а за останати добра и услуги се врши во висина од 10%, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.




Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила.




Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и




ефикасно ја прилагоди апликацијата Мој ДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе




им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.




Граѓаните кои скенираат кодови на сметки на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе добиваат поврат од 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега.




Ова го одлучи Владата на последната седница одобрувајќи предлог за изменување и дополнување на постојниот Закон за враќање на дел од данокот.



