





Игор Филевски – Филе или познат како Филе „Топки“ преку Фејсбук пост се прости од својот голем пријател Лука.




– Ми замина човекот кој остави длабока трага врз сите мои проекти од најубавото време… Човекот, кој како што кажав еднаш, а сега и ќе повторам, учествуваше во голема мера во моето форматирање како медиумски творец и новинар.




Човекот кој знаеше да ме насочи токму онаму каде беше единственото правилно решение и избор, без јас да знам дека е тоа најдобрата солуција за мене во дадениот момент.




Затоа што тој човек беше со отворен ум, со визија, со високо ниво на перцепција дури и на невидливото, ослободен од сите фрустрации и предрасуди, инвентивен и секогаш расположен за создавање ново и ново…




Лука Суша. Еден и единствен. Учител. Мајстор. Врвна фигура во својата струка, професионалец каков само може човек да посака да има покрај себе. Светлина. Енергија која вибрира постојано.




Лука Суша, ќе ми фали вечно и ненадоместливо, физички. Но, како Светлина и Енергија, знам дека ќе биде секогаш тука некаде. Можеби и токму затоа не се отпоздравивме и не седнавме, како што планиравме.




Разговорите со Него отсега ќе се трансформираат како Разговори за Него. Затоа што Лука Суша е бес-мртна личност. Таква и ќе остане. Засекогаш.“



