Јавно се извинувам на мајката која денес беше во Тинекс кај Кулите со своето синче 5-6 години што не направив НИШТО!

Јавно се извинувам на мајката која денес беше во Тинекс кај Кулите со своето синче 5-6 години што не направив НИШТo

Да помогнеме ова извинување да стаса до мајката за која е наменето!

Во групата која на сите нас ни е многу добро позната Женски домаќински муабети, една од членките изрази длабоко каење за тоа што не направила ништо, со кое би и помогнала на мајка во маркет на која и требало помош.

Имено нејзиното детенце кое било на 5-6 годишна возраст додека стоеле на касата за плаќање имало тантрум (како што претпоставува таа), а притоа никој од присутните, вклучувајќи ја и членката не направиле воопшто ништо за да и олеснат на мајката.

Инаку, за да биде појасно: Напад на бес или тантрум (temper tantrum) е афективно пореметување со генетска предиспозиција кое се јавува од 12тиот до 18тиот месец кај детето и е честа појава.

Детето е бесно, агресивно, вика, плаче, се фрла на под, удира… Тоа е екстремна промена во расположението кое е обид за комуникација. Се разликува од бесот и агресијата бидејќи кога ќе биде задоволена потребата, детето уште е агресивно и тоа може да трае со саати и да се повторува во чести и куси временски интервали.

Имајте на ум дека не можете да ги спречите, можете да ги надминете или надитрите.

За да стаса ова каење и извинување до мајката која се нашла во навистина непријатна и тешка ситуација, да не се чувствува лошо и засрамено, бидејќи никој не пристапил да помогне, да не мисли дека луѓето наоколу ја исмеваат и неа и детето поради таа ситуација (иако вакво нешто не е ни нормално некому да му биде забавно) да го споделиме ова извинување и да направиме барем за момент да се почувствува подобро и да знае дека иако не понудиле помош, сепак сочувствувале со неа.

Целиот статус на членката од групата ви го пренесуваме во целост:

До една мајка!

Сакам јавно да и се извинам на мајката која денес беше со своето дете (синче на околу 5-6 години) околу 11:30 часот во Тинекс кај Кулите кое беше со отсуство на говор (можеби и атипичен развој, нека ме извини ако грешам) и кое имаше тантрум на касата за плаќање.

До мајката која беше немоќна и која од немоќ почна да плаче на каса а никој од сите нас што чекавме не направи ништо, затоа што јас лично не знаев што да направам.

Бевме само трпеливи и тивки и сакам да верувам дека сите сочувствувавме со нејзината болка додека не помине нејзиниот ред на касата.

Отпосле сакав да го вратам времето и да ја прашам дали и треба помош, дали можам барем да и ги однесам торбите до негде зошто во едната рака го носеше детето во другата торбите.

Или да чекам наместо нејзе на ред на касата за да има време да биде со детето.

Многу работи можевме сите ние да направиме во тој момент.

Извини што не направив НИШТО.

Среќна Нова Година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде