Јас ги убив тие луѓе, а не ги ни познавав: Потресни детали од распитот на убиецот од Младеновац

У.Б.(21) на рочиштето во Вишото јавно обвинителство Смедерево го признал делото и детално го опишал злосторството. Нему му е одреден притвор до 30 дена

Пукав со автомат! Не ги познавав тие луѓе, пукав затоа што сакав да ги исплашам мештаните.

Како што дознава Курир, ова го изјавил У.Б.(21) од Младенов, осомничен дека со истрели од автоматска пушка на 4 април вечерта во селата Дубона и Мало Орашје убил осум млади и ранил четиринаесет.

Според извор на Курир.рс, У.Б во обвинителството го признал делото и детално опишал што се случило кобната ноќ.

Тој изјави дека со употреба на автоматско оружје на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал во неколку лица кои биле во група, а кои не ги познавал, со цел да го заплаши населението на Мало Орашје и Дубона – соопштија вчера од Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Според обвинителството, У.Б. се товари за сторени кривични дела тешко убиство, киднапирање, како и кривично дело недозволено изработување и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материјали.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде